Христовото раѓање е величествен ден и празник кој не зближува, ни внесува топлина во домовите и ни дава верба во себе и во другите. Божиќ и радоста на овој голем христијански празник е посебна во животот на многу луѓе во светот, поттикнувајќи ги на добра мисла и духовни победи. Kако христијани да се стремиме кон меѓусебна соработка и почитување. Нашата соединетост околу вербата е и наш поттик да го продолжиме учењето Христово кон создавање на трајни дела и вредности. Потребно е да сме обединети, да делуваме со хуманост и да подаваме рака на оние на кои им е потребна помош. Тоа не прави многу посилни и не охрабрува да ја разбереме смислата на нашето постоење, а со тоа и нашиот живот да биде исполнет со морални и етички вредности.
Христос се роди !!!
Градоначалник на општина Кривогаштани – Тони Заткоски