Home / Информации / Вкупно 102 населени места во 60 општини во Македонија ќе бидат опфатени со отворените денови наменети за земјоделците што се реализираат од страна на Министерството за земјоделство

Вкупно 102 населени места во 60 општини во Македонија ќе бидат опфатени со отворените денови наменети за земјоделците што се реализираат од страна на Министерството за земјоделство

Вкупно 102 населени места во 60 општини во Македонија ќе бидат опфатени со отворените денови наменети за земјоделците што се реализираат од страна на Министерството за земјоделство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. За време на отворените денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Тимовите од Министерството за земјоделство ќе ги презентираат и можностите на ИПАРД-програмата. Тимот од Министерството за земјоделство ќе ја посети и Општина Кривогаштани на ден 20.08.2015 година каде во 20:00 часот ќе биде во ПОУ Јонче Смугрески во Боротино и во 21:00 часот во ОУ Јонче Смугрески во Обршани.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Потпишан договор за користење на финансиски средства во висина од 13.337.747 денари

Градоначалникот на Општина Кривогаштани во просториите на македонската Влада потпиша договор за ...