По повод 22 септември – Меѓународениот ден без автомобили денеска повеќе од 100 ученици од двете основни училишта Манчу Матак и Јонче Смугрески од општина Кривогаштани со своите велосипеди продефилираа низ патиштата во општината, приклучувајсе на акцијата ден без автомобили која денес се одбележуваше во повеќето општини низ државата. Целта на оваа акција е да се потикне свеста на граѓаните за енормното користење на автомобилите во извршувањето на секојдневните активности за што помало користење на истите.