Home / ЛОКАЛНА САМОУПРАВА / Дезинсекција на територија на општина Кривогаштани

Дезинсекција на територија на општина Кривогаштани

Општина Кривогаштани врз основа на зкаонските одредби за спроведување на превентивна систематска дезинсекција заедно со Центарот за јавно здравје Прилеп Ве информира дека на ден 24.06.2024 год. во периодот од 21 до 04 часот на територијата нa Општина Кривогаштани екипа од Центарот за јавно здравје- Прилеп ќе спроведува адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени следните населени места и локации: н.м-Врбјани, н.м-Годивље, н.м-Крушеани, н.м-Обршани, н.м-Бела Црква, н.м-Пашино Рувци, н.м-Боротино, н.м Воѓани, н.м. Подвис, н.м Кореница, н.м-Славеј, н.м-Кривогаштани, Депонија, Блаторека, Пречистителна станица, Пилана, Резервоар, попатни канали и шамаци и места со стоечки води.
Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Градежна инфраструктурна експанзија во населено место Боротино

🦺Продолжуваме со градежната инфраструктурна експанзија овој пат во населено место Боротино.   ...