Во организација на општина Кривогаштани, општина Крушево и ООУ„Страшо Пинџур“ с.Мало Коњари , а со поддршка на МЦМС во склоп на конкурсот „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“ денес за прв пат во големата спортска сала на ООУ„Манчу Матак“- Кривогаштани беа одиграни мали спортски игри со реквизити изработени од рециклирани тутунски материјали. Малите спортски игри во духот на детството,радоста, но и дружењето во 4 екипи од 40 ученици ги споија основците од четири основни училишта: ООУ„Манчу Матак“-Кривогаштани, ООУ„Јонче Смугрески“-с.Обршани, ООУ„Никола Карев“-Крушево и ООУ„Страшо Пинџур“-с.Мало Коњари, кои свoите сили „ги измерија“ во четири различни спортски игри. Локалната самоуправа ги организира овие игри со цел, да го поттикне психо – физичкиот развој кај учениците, притоа развивајќи го спортскиот дух и мотивот за соработка и другарување. Преку различни видови игри децата со своите наставници по физичко образование заедно другаруваа и заедно ја пренесоа пораката за невклучување на децата во работата при одгледувањето тутун. За сите учесници ќе бидат обезбедени мали симболични награди за поттикнување на нивната поголема посветеност и ангажираност во спортот.
Oва претставува склоп на утрешниот настан, завршната манифестација која ќе се одржи во ”ООУ Манчу Матак” 24.12.2019 во 12 часот на која ќе бидат презентирани најдобрите дела изработени од рециклирани материјали, но и иновативни дела кои се изработени од рециклирани тутунски материјали.