Во организација на Сојузот на општински спортови на општина Прилеп, Општина Прилеп и Општина Кривогаштани. На денот на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј” се одржа најстарата велосипедска манифестација: “СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД 2017 г.” Стартот на манифестацијата беше означен во 11:30 ч. од две локации и тоа : Прилеп, пред рекламите и пред Општина Кривогаштани. Се возеше до Спортскиот аеродром во Мало Коњари каде што организаторите доделија пригодни награди на најстариот и најмладиот учесник на оваа манифестација поединечно од двете Општини. Од Општина Кривогаштани најмладиот учесник што учествуваше на оваа манифестација беше Сара Станческа. И оваа година голем број на ученици и млади од Општина Кривогаштани зедоа учество во овој спортски хепенинг кој имаше за цел да го промовира велосипедизмот и спортскиот начин на живот. Општина Кривогаштани во континуитет учествува во разни спортски манифестации и се залага што повеќе млади активно да се вклучат и спортски се рекреираат.