Градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски на сите припадници на безбедносните сили им го честита 7 ми Мај – Денот на полицијата и безбедноста. Сите ние сме горди и благодарни за посветеноста и патриотизмот на нашите безбедносни сили. Тие се чист пример како треба да се служи и работи професионално, и како беспрекорно да се завршат зададените задачи. Сите ние граѓаните на Р. Македонија мирно спиеме зошто знаеме дека безбедносните сили се тука и спремни да ја гарантираат нашата безбедност.
Да е честит денот на полицијата и безбедноста на Р. Македонија.