Home / Информации / Државно ридско првенство 2017 во велосипедизам

Државно ридско првенство 2017 во велосипедизам

Велосипедски Клуб & Сервис “ ИЛИНДЕН “ – Прилеп заедно со Општина Крушево, Општина Кривогаштани, Велосипедска Федерација на Македонија и ВК Илинден повторно домаќини на нај добрите Македонски велосипедисти/ки  на патеката  Кривогаштани – Крушево – манастир св. Преображение

Покана до сите рекреативци и добронамерници да дојдат и во живо гледаат тешка трка.

Подетално за трката:

Датум: 07.05.2017 година.

Старт:   11:00 часот  во Кривогаштани

Заеднички старт за сите категории, затворена возење  до излез на Кривогаштани, трката стартува со летечки старт .

Патека: Патеката  за кадети, У-15, У-13 и жени: Кривогаштани – Крушево должина 13 км

Патека за сениори, јуниори и мастерс: Кривогаштани – Крушево – манастир Св. Преображение  должина 21 км.

Цел: За кадети У-15, У-13 и жени во Крушево пред градска кафана,

За сениори, јуниори и мастерс  манастир Св. Преображение

 

Пријава: Најдоцна до 05-05-2017 по пошта или e-mail на В.К. ИЛИНДЕН,  делењето на броевите ќе биди на местото на стартот најдоцна половина саaт пред стартот на трката.

Мерење : пред старт

Максимална дозволена должина на една каденса:

Јуниoри:                                      7,93 м

Кaдeти, У-15 и У-13:                 6,94 м

Технички прописи: Трката се вози по сообраќајните правила на Р. Македонија, се вози по десната страна и се почитува полна линија. Сообраќајот ќе биди регулиран од сообраќајна полиција.

Награди: Се наградуваат првите три  натпреварувачи во секоја категорија.

Право на учество: Сите регистрирани лекарски прегледани и осигурени велосипедисти  во категории сениори, јуниори, кадети, У-15, У-13, мастерс и жени.

Бодува: Трката се бодува за ранг-листа на ВФМ.

Трошоци: Организациони трошоци на товар на организаторот, клубовите учествуваат на свој трошок.

Казни:  Според правилникот на УЦИ и ВФМ.

Општи прописи: Натпреварувачите мораат да имаат технички исправни велосипеди и да носат заштитна кацига.

Посебни одредби: Организаторот го задржува правото на измена и дополнување на овие пропозиции со обврска да истите ги соопшти најдоцна еден час пред стартот на трката.

Со прифаќањето на пропозициите натпреварувачите возат на сопствена одговорност.

Контакт лице: Драган Димитријоски 075 526 426

Напомена: Клубовите се должни  во караванот да се движат според бројки на возилата распределени според екипен пласман на ранг-листа, секој клуб може максимално во караванот да има две возила кои ќе бидат одбележани со налепница (необележани возила не се во караванот).

Прогласување за сите категории во центар на Крушево.

 

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Соопштение за јавен увид

Соопштение за јавен увид