Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и двете основни училишта во општината денеска го одржаа општинскиот натпревар „Детски семафор“. Натпреварот се спроведува со цел сообраќајно образование и воспитување на децата и младите како и поради подигнување на степенот на сообраќајна култура кај учениците. Резултатите од истражувањата во развиените општества покажуваат дека најдобрите резултат се покажува ако се учи од мала возраст. На натпреварот учествуваа 30 ученици по 15 ученици од двете училишта.
Ученици кои продолжуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 10 мај во Прилеп се: од 4,5 и 6 одделение: Здравкоска Александра, Симона Стомнароска, Петар Кромидоски, и Марио Ујгуноски. 7,8,9 одделение Петреска Михаела и Дино Мискоски.