Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Новости• Планирани проекти• Соопштенија

Општина Кривогаштани иницира активности за санација и заштита на стеблото „Блатен даб“ (Quercus pedunculiflora), кое се наоѓа во Кривогаштани, во непосредна близина на црквата „Св. Димитрија“ и селските гробишта

Општина Кривогаштани иницира активности за санација и заштита на стеблото „Блатен даб“ (Quercus pedunculiflora), кое се наоѓа во Кривогаштани, во непосредна близина на црквата „Св. Димитрија“ и селските гробишта

Општина Кривогаштани иницира активности за санација и заштита на стеблото „Блатен даб“ (Quercus pedunculiflora), кое се наоѓа во Кривогаштани, во непосредна близина на црквата „Св. Димитрија“ и селските гробишта.

Согласно Решението за прогласување на стеблото на блатен даб во с. Кривогаштани за природна реткост, објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 100 од 15.05.2023 година, ова стебло има статус на заштитена природна реткост и претставува значајно природно наследство кое подлежи на посебен режим на заштита.

Поради значителното оштетување на стеблото, неопходно е да се преземат соодветни стручни мерки за утврдување на неговата здравствена состојба и механичка стабилност. Постои потенцијален ризик од кршење и паѓање на гранки или делови од стеблото, што може да ја загрози безбедноста на граѓаните кои ги посетуваат гробиштата и црковниот комплекс, како и да предизвика оштетување на спомениците и надгробните обележја.

Имајќи ја предвид важноста на зачувувањето на ова природно богатство, Општина Кривогаштани ќе иницира соработка со надлежните институции и стручни лица со цел утврдување на потребните мерки за санација, заштита и долгорочно зачувување на стеблото.

Сите активности ќе треба да се спроведуваат стручно и во согласност со законските прописи за заштита на природата, со цел да се обезбеди соодветна грижа за ова значајно природно наследство, но и сигурност за граѓаните кои го посетуваат овој простор.

Зачувувањето на природното наследство и грижата за безбедноста на граѓаните остануваат важен приоритет на Општина Кривогаштани.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Локален совет за превенција на Општина Кривогаштани• Новости
Одржана седница на Локалниот совет за превенција на Општина Кривогаштани