Локалниот совет за превенција — ЛСП е советодавно и координативно тело на локално ниво, преку кое општината, полицијата, јавното обвинителство и другите надлежни институции, вклучувајќи ги и претставниците на заедницата, соработуваат за подобрување на безбедноста на граѓаните.
Советодавната и координативната улога на Локалниот совет за превенција, овозможува заедничко разгледување на локалните проблеми и развивање мерки за спречување инциденти и подобрување на услугите за граѓаните.
Неговата практична работа опфаќа:
– Навремено препознавање ризици — опасни сообраќајни места, врсничко насилство, ризци од пожари, поплави и слично.
– Предлагање превентивни активности — теренски проверки, едукација, подобрување на сигнализацијата или расчистување на критични точки.
– Договарање соработка — кој треба да постапи, со каква поддршка и во кој рок.
– Следење на преземеното — дали договорените активности се реализирани и што останува нерешено.
Притоа, секоја институција ги задржува своите законски надлежности, а препораките и заклучоците на ЛСП се основа за координирано постапување.
Одржана седница на Локалниот совет за превенција на Општина Кривогаштани