Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Локален совет млади• Новости

„Изрази се – младите го кршат молкот“ во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани

„Изрази се – младите го кршат молкот“ во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани

Денес, 22 октомври 2026 година, во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани се одржа едукативната презентација „Изрази се – младите го кршат молкот“, посветена на менталното здравје на младите. Настанот се реализираше на иницијатива на Општина Кривогаштани, во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

На презентацијата присуствуваа учениците од деветто одделение од ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани и ООУ „Јонче Смугрески“ – Обршани, кои имаа можност да проследат содржини за препознавање на стресот и анксиозноста, справување со училишните и врсничките притисоци и значењето на навременото барање поддршка.

Презентацијата се надоврза на настанот што СОУ „Ѓорче Петров“ го организираше по повод Светскиот ден на менталното здравје. Преку обработените теми беше истакнато колку е важно младите да можат отворено да зборуваат за своите чувства и грижи, да знаат кому можат да се обратат и да бидат охрабрени да побараат помош кога им е потребна.

Со организирањето на оваа активност, Општина Кривогаштани го отвора Мултимедијалниот центар за содржини што одговараат на потребите на младите и овозможуваат разговор за прашањата што ги засегаат во секојдневието. Грижата за нивното ментално здравје бара внимание и соработка меѓу семејствата, училиштата, стручните лица и локалната самоуправа.
Општина Кривогаштани упатува благодарност до СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп и говорниците за соработката и споделеното знаење, како и до двете основни училишта и учениците за учеството на настанот.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email