Почитувани граѓани,
Општина Кривогаштани ви ја претставува својата нова официјална веб-страница, со цел полесен пристап до информациите, документите и услугите на општината.
Веб-страницата е изработена врз основа на договор со Министерството за дигитална трансформација и претставува чекор кон поголема дигитализација, транспарентност и подобра комуникација со граѓаните.
Во тек е нејзиното доуредување, а во наредниот период се планира воведување и можност за онлајн плаќање на даноци и такси.
Нашата цел е да ви обезбедиме навремени информации, полесен пристап до услугите и поголема транспарентност во работењето.
