Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Новости• Обраќања• Патишта и улици

Одговор од Министерството за транспорт по барањето за подобрување на регионалните патишта Р2335 и Р2339

Одговор од Министерството за транспорт по барањето за подобрување на регионалните патишта Р2335 и Р2339

Општина Кривогаштани доби одговор од Министерството за транспорт во врска со доставеното отворено писмо, со кое побаравме подобрување на состојбата на регионалните патишта Р2335 (Кривогаштани–Обршани–Воѓани) и Р2339 (Ново Лагово–Граиште), како и планирање на нивното проширување во Годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта за 2027 година.

Со дописот, примен во Општината на 30 октомври 2026 година, Министерството го проследува општинското барање до ЈПДП за постапување, со посочување дека ова претпријатие е надлежно за управувањето, изградбата, реконструкцијата, рехабилитацијата, одржувањето и заштитата на државните патишта. Воедно, Министерството бара копија од одговорот на ЈПДП да биде доставена и до него.

Подобрувањето на овие патни правци е од големо значење за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, секојдневното движење на граѓаните и транспортот на земјоделските производи.

Општина Кривогаштани ќе продолжи да ја следи постапката и да бара конкретни мерки и рокови од ЈПДП, а за понатамошните одговори и активности јавноста ќе биде навремено информирана.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Локален совет за превенција на Општина Кривогаштани• Новости
Одржана седница на Локалниот совет за превенција на Општина Кривогаштани