Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Новости

Општина Кривогаштани го одбележа Европскиот ден без автомобили

Општина Кривогаштани го одбележа Европскиот ден без автомобили

Општина Кривогаштани се приклучи кон одбележувањето на Европскиот ден без автомобили, во рамките на Европската недела на мобилност, која се одржува од 16 до 22 септември

По тој повод, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кривогаштани (ОСБСП), во соработка со основните училишта на територијата на општината и Полициското одделение – Кривогаштани, спроведе едукативна акција со практични активности посветени на безбедното учество на децата во сообраќајот. На акцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кривогаштани.

Учениците со своите велосипеди, ролери и тротинети учествуваа во активности на сообраќаен полигон, каде што имаа можност практично да ги применат сообраќајните правила и да ги унапредат своите знаења за безбедно и одговорно однесување во сообраќајот. Во рамките на акцијата беше организиран и натпревар во возење велосипед, со акцент на почитувањето на сообраќајните правила.

Годинешната порака „Мобилност за сите“ ја нагласува потребата од безбедна, достапна и одржлива мобилност, со поттикнување на пешачењето, возењето велосипед и другите активни начини на движење. Возењето велосипед е здрав и еколошки начин на движење, кој истовремено бара познавање и доследно почитување на сообраќајните правила.

Преку ваквите активности, ОСБСП – Кривогаштани, основните училишта и Полициското одделение – Кривогаштани заеднички придонесуваат за подигнување на сообраќајната култура кај најмладите и за создавање навики за безбедно и одговорно учество во сообраќајот.

Да се движиме безбедно, да се грижиме за животната средина и да создадеме побезбедна општина за сите!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Територијална противпожарна единица КривогаштаниНовости
Обезбедени се нови униформи и опрема за пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани