Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Градоначалник• Новости

Општина Кривогаштани на меѓународната конференција „Здравствени и социјални услуги – предизвици и можности“

Општина Кривогаштани на меѓународната конференција „Здравствени и социјални услуги – предизвици и можности“

На 04.11.2026 година, во Прилеп се одржа меѓународната конференција „Здравствени и социјални услуги – предизвици и можности“, на која претставник од Општина Кривогаштани учествуваше на панел-дискусијата посветена на социјалните услуги на локално ниво.

Во рамки на панелот беа споделени искуствата на Општина Кривогаштани во обезбедувањето поддршка за постарите лица, лицата со попреченост и семејствата во социјален ризик. Посебен акцент беше ставен на значењето на услугата „Помош и нега во домот“, стручната поддршка и дневните центри, како важни предуслови за подобрување на квалитетот на живот и поголема социјална вклученост на граѓаните.

Беше истакнато дека за руралните општини од особено значење е социјалните услуги да бидат достапни и за лицата кои имаат потешкотии со движењето или немаат можност за патување. За таа цел, неопходни се стабилно финансирање и добра координација меѓу општините, надлежните институции и давателите на социјални услуги.

Општина Кривогаштани упатува благодарност до Здружението „Центар за развој и едукација“ – Прилеп за организацијата на конференцијата и досегашната успешна соработка.

Општината останува посветена на унапредување на социјалните услуги и продолжување на заедничките активности со цел обезбедување достапна, навремена и континуирана поддршка за сите граѓани на кои им е најпотребна.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Градоначалник• Новости• Обраќања• Соопштенија
ИЗВЕШТАЈ за работата на градоначалникот на Општина Кривогаштани