Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Соопштенија• Новости• Планирани проекти

Иницијатива за воспоставување итна медицинска помош во Кривогаштани

Иницијатива за воспоставување итна медицинска помош во Кривогаштани

Денес до Министерството за здравство градоначалникот на Општина Кривогаштани – Игор Каравилоски достави иницијатива за унапредување на мрежата на итна медицинска помош, преку воспоставување подрачна служба, пункт или друг соодветен модел за брзо медицинско реагирање во Општина Кривогаштани.

Оддалеченоста од постојните центри го продолжува времето на пристигнување на екипите, особено до руралните и потешко пристапните населени места. Во итни и животозагрозувачки состојби, секоја минута може да биде пресудна.
Поради поволната географска положба, службата би опслужувала и повеќе населени места од општините Крушево и Долнени, до кои од Кривогаштани би можело побрзо да се интервенира.
Со иницијативата градоначалникот бара Министерството да ја разгледа можноста за обезбедување медицински тим, интервентно возило и потребната медицинска и комуникациска опрема, во координација со надлежните здравствени установи.
Општина Кривогаштани е подготвена да обезбеди соодветен простор, логистичка поддршка и целосна соработка за реализација на иницијативата.
Нашите граѓани заслужуваат навремена и ефикасна итна медицинска помош.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија• Новости• Комунални работи
Во Кривогаштани започна селекцијата на отпадна пластика во домаќинствата