Денес, 6 ноември 2026 година, во Кривогаштани се одржа првата средба со граѓаните за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година.
Средбата беше организирана во соработка со здружението „Пелагона Прва“, а присутните изнесоа предлози за инфраструктурни проекти и иницијативи од значење за локалната заедница.
Во наредниот период Општина Кривогаштани планира да одржи средби во сите населени места. Жителите ќе имаат можност да кажат кои проблеми во нивното населено место бараат најитно решение и да предложат конкретни проекти. Општината ќе ги разгледа предлозите при утврдувањето на буџетските приоритети, имајќи ги предвид своите надлежности и расположливите средства.
Им благодариме на сите што учествуваа на денешната средба и ги покануваме жителите да се вклучат со свои предлози и на следните средби.
Термините и местата на одржување ќе бидат навремено објавени на општинската веб-страница и на социјалните мрежи.
