Општина Кривогаштани ги известува жителите дека во понеделник, 12.10.2026 година, поради планирани активности на електроенергетската мрежа, ќе има прекин на електричната енергија во периодот од 09:00 до 14:30 часот.
Ќе има прекин во следните населени места во Општина Кривогаштани: ПАШИНО РУВЦИ, ОБРШАНИ, КРУШЕАНИ, БОРОТИНО, МАНАСТИР СВ. ЃОРЃИЈА.
Ве замолуваме за разбирање и трпение. Интервенцијата на електричната мрежа се врши со цел нејзино подобрување и обезбедување поквалитетно и постабилно снабдување со електрична енергија.