Денес ми беа на гости учениците од четврто одделение од ,,ООУ Јонче Смугрески” заедно со нивните наставници.
Поразговаравме за тоа што работи градоначалникот, за што е задолжена општината и како се решаваат проблемите во нашите населени места. Мило ми е што преку оваа посета имаа можност одблизу да видат дел од она што го учат на часовите по Историја и општество.
И децата имаа свои предлози и барања за уредување на парковите и поставување урбана опрема.
Им благодарам за посетата и поклоните. Мене ми беше задоволство да поминам дел од денот со нив, а се надевам дека и тие си заминаа со нови знаења и убави впечатоци
