Почетна»Новости»Општина Кривогаштани денес, 5 ноември 2026 година, достави официјално барање до Министерството за внатрешни работи за отворање канцеларија за управни работи во просториите на Полициското одделение во Кривогаштани
Новости• Соопштенија
Општина Кривогаштани денес, 5 ноември 2026 година, достави официјално барање до Министерството за внатрешни работи за отворање канцеларија за управни работи во просториите на Полициското одделение во Кривогаштани
Општина Кривогаштани денес, 5 ноември 2026 година, достави официјално барање до Министерството за внатрешни работи за отворање канцеларија за управни работи во просториите на Полициското одделение во Кривогаштани
Steve Janceski
Општина Кривогаштани денес, 5 ноември 2026 година, достави официјално барање до Министерството за внатрешни работи за отворање канцеларија за управни работи во просториите на Полициското одделение во Кривогаштани.
Во предложената канцеларија, жителите на општината би можеле да поднесуваат барања за лични карти, патни исправи и возачки дозволи и да ги подигнуваат изработените документи. Тоа би ја намалило потребата од патување надвор од општината и би им заштедило време и пари на граѓаните, особено на повозрасните лица, лицата со попреченост, граѓаните со ограничена подвижност и семејствата со пониски приходи.
МВР веќе отвори ваква канцеларија во Полициското одделение во Ропотово, во соседната Општина Долнени.
По барање на граѓаните, иницијативата ја предложи градоначалникот Игор Каравилоски на седницата на Локалниот совет за превенција одржана на 28 октомври 2026 година. Заедно со барањето до МВР е доставен и записникот од седницата.