Со наближувањето на претстојната есенска и зимска сезона, период во кој се зачестени врнежите од дожд и можност за зголемен водостој, апелираме до сите граѓани навремено да ги исчистат каналите и одводните површини пред своите домови.
Со отстранување на наносите од земја, лисја, отпад и други материјали ќе се овозможи непречено истекување на атмосферските води и ќе се намали ризикот од задржување на водата, поплавување на дворовите и оштетување на имотот.
Чистите и проодни канали се од заеднички интерес и придонесуваат за поголема безбедност и заштита на сите граѓани.
Апелираме до сите граѓани да постапат навремено и одговорно, со цел да се спречат можни проблеми предизвикани од обилни врнежи и да се обезбеди непречено одведување на атмосферските води.
