Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Новости

СО „БЕЛА НОЌ“ ГО ЗАОКРУЖИВМЕ „КУЛТУРНО – СПОРТСКОТО ЛЕТО КРИВОГАШТАНИ 2026

СО „БЕЛА НОЌ“ ГО ЗАОКРУЖИВМЕ „КУЛТУРНО – СПОРТСКОТО ЛЕТО КРИВОГАШТАНИ 2026

Со „Бела ноќ“, во организација на здружението „УРБАНО ГНЕЗДО“, со музичка програма, многубројна публика и одлична атмосфера, успешно ја заокруживме програмата од „КУЛТУРНО – СПОРТСКОТО ЛЕТО КРИВОГАШТАНИ 2026“

Во изминатите денови Општина Кривогаштани беше домаќин на повеќе разновидни настани: турнирот во мал фудбал, концертот на Врбјанска Чука, театарската претстава „Девојките на Марко“, меморијалниот турнир во баскет и Фестивалот на пиперката. Секој од нив понуди посебно доживување и привлече голем број посетители од нашата и од соседните општини.

Особено нè радува што покажавме дека и една мала општина може да понуди квалитетна културна и спортска програма, да ги поддржи младите и локалните таленти и да ги промовира нашите традиционални вредности и земјоделски производи.

Упатувам искрена благодарност до сите организатори, здруженија на граѓани, институции, изведувачи, спортисти, волонтери и учесници кои вложија труд во реализацијата на програмата.

Голема благодарност и до ЛАГ „Агро Лидер“, УРБАНО ГНЕЗДО Кривогаштани, генералниот спонзор на Фестивалот на пиперката – „Кривогаштани Промет“ со светски познатиот бренд „Гурмано“, Прилепска пиварница, „Евора Комерц“, како и до сите други компании и поддржувачи на одделните настани.

Најголема благодарност до граѓаните и до сите посетители кои со своето присуство придонесоа секој настан да има прекрасна атмосфера.

Кривогаштани покажа дека знае да биде добар домаќин!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email