Според најновата анализа на Центарот за економски анализи за периодот 2025–2026 година, Општина Кривогаштани освои 15 од максимални 16 поени и се вбројува меѓу 29-те општини со висок степен на буџетска транспарентност.
Во однос на претходниот период, резултатот е подобрен за два поени, додека даночната транспарентност достигна 71%, со значителен раст од 17 процентни поени.