Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

НовостиПланирани проекти

Изработка на техничка документација за реконструкција на дел од улица „Архиепископ Доситеј“ во с. Крушеани

Изработка на техничка документација за реконструкција на дел од улица „Архиепископ Доситеј“ во с. Крушеани

На 22.05 е склучен договор помеѓу Бирото за регионален развој и Општина Кривогаштани, за реализација на проектот:

„Изработка на техничка документација за реконструкција на дел од улица „Архиепископ Доситеј“ во с. Крушеани“, за што од страна на Бирото се доделени средства во износ од 242.372 денари.

Со изработката на техничката документација се создаваат услови за понатамошна реконструкција и подобрување на патната инфраструктура во село Крушеани, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот на жителите.

Продолжуваме посветено да работиме на подготовка и реализација на проекти кои придонесуваат за рамномерен локален развој и унапредување на инфраструктурата во сите населени места во општината.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email