Денес, во Битола, се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, во рамки на проектот за одржливо управување со отпад на локално ниво, поддржан од Шведска и спроведуван од САЛАР Интернационал.
На седницата се дискутираше и усвои агендата и записникот од конститутивната седница, беше презентирана веб-страницата „Регион без отпад“, како и планираните активности за првата половина на 2026 година.
Посебен акцент беше ставен на:
♻️ воспоставување претоварни станици
🚛 набавка на возила и опрема
📑 изработка на нов регионален план
📊 собирање и управување со податоци за отпад
🏢 формирање на регионално комунално претпријатие
🤝 подобрување на комуникацијата со граѓаните.
Седницата претставува важен чекор кон поефикасно, одржливо и координирано управување со отпадот во регионот, во интерес на заштита на животната средина и подобар квалитет на живот за граѓаните.