Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Завршени проектиКомунални работиПроекти

Чистење и санација на одводниот канал „Блато“ во реонот на населеното место Боротино

Чистење и санација на одводниот канал „Блато“ во реонот на населеното место Боротино

Општина Кривогаштани ја информира јавноста дека Подружница „Прилепско Поле“ – Прилеп интензивно спроведува активности за чистење и санација на одводниот канал „Блато“ во реонот на населеното место Боротино.

Денес градоначалникот Игор Каравилоски, заедно со директорот на Подружницата „Прилепско Поле“, г. Зоран Тодороски, и државниот инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, г. Јован Аврамоски, извршија теренски увид на работите на лице место.

Со оваа активност се обезбедува подобрен проток на водата, превенција од поплави и зголемена безбедност на земјоделските површини и локалната инфраструктура.

Работните активности ќе продолжат и во наредните денови, сè до целосно расчистување на каналската мрежа во Боротино.

Општина Кривогаштани изразува благодарност за посветената соработка и навремената поддршка од сите вклучени институции.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email