Денес, во Домот на културата во Кривогаштани, се одржа Форум театарот на тема „Насилство и врсничко насилство“, организиран во соработка меѓу Општина Кривогаштани и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, како дел од активностите по повод глобалната кампања „16 дена активизам против родово заснованото насилство“.
Настанот понуди интерактивен театарски пристап преку кој младите учесници можеа да ги препознаат различните форми на насилство, да дискутираат за причините и последиците, како и да предложат начини за негово спречување. Овој иновативен метод овозможи отворена комуникација, учење преку игра и активно вклучување на сите учесници.
Општина Кривогаштани упатува благодарност до ХЕРА за соработката, како и до наставниците и учениците од OOU.Manchu Matak-Krivogashtani и ООУ Јонче Смугрески, кои активно се вклучија во настанот. Превенцијата од насилство е заедничка одговорност, а денешниот форум покажа дека со вистински партнери и отворен дијалог можеме да создадеме побезбедна и поеднаква средина за сите.