Услуги и мерки од социјална заштита
Услуги и мерки од социјална заштита
Во рамки на системот на социјална заштита се обезбедуваат услуги и мерки наменети за поддршка на поединци и семејства кои се наоѓаат во социјален ризик.
Социјална превенција
Социјалната превенција опфаќа активности насочени кон спречување на појава на социјални проблеми и намалување на ризиците кај поединците и семејствата.
Вонинституционална заштита
Во рамки на вонинституционалната заштита се обезбедуваат следните услуги:
прва социјална услуга за корисници
помош на поединец и семејство
домашна нега и помош
дневно и привремено згрижување
сместување во згрижувачко семејство
сместување во мал групен дом
организирано живеење со поддршка
Институционална заштита
Институционалната заштита опфаќа:
оспособување за работно-производна активност
сместување во установа за социјална заштита
Парична помош и надоместоци
Системот на социјална заштита обезбедува и повеќе видови парична помош, како што се:
социјална и постојана парична помош
парична помош за лица без родителска грижа
парична помош за мајка со четврто дете
надоместок за помош и нега од друго лице
еднократна парична помош и помош во натура
надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост
додаток за мобилност/слепило
парична помош за социјално домување
право на здравствена заштита