Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Идни проекти• Новости• Патишта и улици• Проекти

Започнати геодетски работи на терен за изработка на техничка документација во населено место Крушеани

Започнати геодетски работи на терен за изработка на техничка документација во населено место Крушеани

Денес започнаа геодетските работи на терен за изработка на техничка документација за доградба на дел од улицата „Архиепископ Доситеј“ во населеното место Крушеани, Општина Кривогаштани.

Средствата за изработка на техничката документација се обезбедени од Бирото за регионален развој, со што се прави значаен чекор кон унапредување на локалната патна инфраструктура и создавање подобри услови за живот на жителите.
Геодетските активности претставуваат почетна фаза во подготовката на проектната документација, која ќе овозможи понатамошни чекори кон реализација на проектот за доградба на улицата.

Општина Кривогаштани продолжува со активностите насочени кон подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на населените места во општината.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email