Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

„Изрази се – младите го кршат молкот“ во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани

Денес, 22 октомври 2026 година, во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани се одржа едукативната презентација „Изрази се – младите го кршат молкот“, посветена на менталното здравје на младите. Настанот се реализираше на иницијатива на Општина Кривогаштани, во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп. На презентацијата присуствуваа учениците од деветто одделение од ООУ „Манчу Матак“ – […]

Апел до граѓаните – навремено да ги исчистат каналите и одводните површини пред своите домови

Со наближувањето на претстојната есенска и зимска сезона, период во кој се зачестени врнежите од дожд и можност за зголемен водостој, апелираме до сите граѓани навремено да ги исчистат каналите и одводните површини пред своите домови. Со отстранување на наносите од земја, лисја, отпад и други материјали ќе се овозможи непречено истекување на атмосферските води […]

Општина Кривогаштани ви ја претставува својата нова официјална веб-страница, со цел полесен пристап до информациите, документите и услугите на општината

Почитувани граѓани, Општина Кривогаштани ви ја претставува својата нова официјална веб-страница, со цел полесен пристап до информациите, документите и услугите на општината. Веб-страницата е изработена врз основа на договор со Министерството за дигитална трансформација и претставува чекор кон поголема дигитализација, транспарентност и подобра комуникација со граѓаните. Во тек е нејзиното доуредување, а во наредниот период […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ за прекин на електроенергетската мрежа 22.10.2026 – Дел од с. БЕЛА ЦРКВА

Општина Кривогаштани ги известува жителите дека во четврток, 22.10.2026 година, поради планирани активности на електроенергетската мрежа, ќе има прекин на електричната енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот во дел од с. Бела Црква. Ве замолуваме за разбирање и трпение. Интервенцијата на електричната мрежа се врши со цел нејзино подобрување и обезбедување поквалитетно и […]

Најавени мерки за поддршка на семејствата на настанот за искоренување на сиромаштијата

  Во Мултимедијалниот центар Кривогаштани денес се одржа настан по повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, под мотото „Мали чекори создаваат големи промени“. Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Кривогаштани, Игор Каравилоски, ја нагласи важноста на соработката помеѓу институциите, невладиниот сектор и здруженијата на граѓани. Притоа, најави иницијативи за дополнителна поддршка на семејствата, со […]

Нацрт-листа од кандидати кои продолжуваат во фаза 2/фаза 1 – Административна селекација Управен одбор на ЈП ,,Пелагонија”

По јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен одбор на ЈП ,,Пелагонија” Кривогаштани со бр. 08-327/10 од 05.010.2026 година.     Нацрт-листа од кандидати кои продолжуваат во фаза 2 – УПРАВЕН ОДБОР

Нацрт листа од кандидати кои продолжуваат во фаза 2 / фаза 1- Административна селекција Надзорен одбор ЈП ,,Пелагонија”

По Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови за Надзорен одбор за контрола на материјално финансиското работење на ЈП ,,Пелагонија” Кривогаштани со бр. 08-326/12 од 05.10.2026 година Нацрт-листа од кандидати кои продолжуваат во фаза  2 – Надзорен одбор

Во Кривогаштани започна селекцијата на отпадна пластика во домаќинствата

Денес, 14 октомври 2026 година, во ЈП „Пелагонија“, во присуство на претставници од SALAR International, започна првата фаза на селекција на отпад од пластика во домаќинствата во Кривогаштани. Првиот договор со претпријатието го склучи градоначалникот Игор Каравилоски, во својство на граѓанин на Кривогаштани. Потоа се приклучија и други жители од улицата „Филип Втори“, кои доброволно […]

Денот на народното востание!

Со длабока почит се сеќаваме на борците кои со својата храброст и жртва ги поставија темелите на слободната македонска држава. Нивното дело нè обврзува да ги чуваме слободата и мирот, да се почитуваме меѓусебно и одговорно да работиме за подобар живот на сите граѓани. Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!