Home / Информации / Започнува турнирот во мал фудбал во Кривогаштани

Започнува турнирот во мал фудбал во Кривогаштани

Традицијата од триесет години продолжува, и оваа година на 10.08.02016 год. со почеток во 21 часот ќе се организира турнир во мал фудбал во Кривогаштани. Натпреварите ќе се одигруваат на новото повеќенаменско игралиште кое е дел од 100 повеќенаменските игралишта од Агенцијата за млади и спорт.

На 08.10.2016год се исврши извлекување на групите на екипи кои ќе играат на овај турнир. Годинава ќе учествуваат шеснаесет екипи кои ќе бидат распоредени во четири групи, постои и можност за промена на бројот на екипите односно може да се пријават уште четири екипи.

Фондот на награди ќе биде за прво место 60 000 денари, второ место  30 000 денари и трето место  15 000 ден. На паузите помеѓу натпреварите  ќе има и помали награди за најмалите учесници кои ќе го покажат својот талент во шутирање на пенали. Организатор и спонзор на турнирот е Општина Кривогаштани други спонзори се и Везе Шари, Аптеки Стефан, Кривогаштани Промет, Вентура, Кафе Чао, Бакалески Компани.

Екипите кои ќе се натпреваруваат на 10.08.2016 год. дополнително ќе бидат објавени и информирани дополнително, официјалната Facebook страна на турнирот Турнир Кривогаштани 2016 год.

турнир

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ИЗВЕСТУВАЊЕ