Почетна»Проекти»Идни проекти»Започнати геодетски работи на терен за изработка на техничка документација во населено место Крушеани
Идни проекти• Новости• Патишта и улици• Проекти
Започнати геодетски работи на терен за изработка на техничка документација во населено место Крушеани
Започнати геодетски работи на терен за изработка на техничка документација во населено место Крушеани
Steve Janceski
Денес започнаа геодетските работи на терен за изработка на техничка документација за доградба на дел од улицата „Архиепископ Доситеј“ во населеното место Крушеани, Општина Кривогаштани.
Средствата за изработка на техничката документација се обезбедени од Бирото за регионален развој, со што се прави значаен чекор кон унапредување на локалната патна инфраструктура и создавање подобри услови за живот на жителите.
Геодетските активности претставуваат почетна фаза во подготовката на проектната документација, која ќе овозможи понатамошни чекори кон реализација на проектот за доградба на улицата.
Општина Кривогаштани продолжува со активностите насочени кон подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на населените места во општината.