Упатуваме искрени честитки до нашите успешни ученици и нивните ментори за постигнатите резултати на државните натпревари!
Честитки до ученичката Ана Миличевиќ за освоеното трето место на Државниот натпревар по географија, под менторство на наставникот Оливер Конески.
Честитки и до ученичката Леонтина Коркоска за освоената втора награда на Државниот натпревар по биологија, како и до нејзиниот ментор м-р Менде Станојоски.
Овие успеси се резултат на посветена работа и истрајност. Општина Кривогаштани им честита за постигнатите резултати и за достојното претставување на општината на државно ниво.