Општина Кривогаштани издвои средства за изградба на ограда на двете подрачни основни училишта во Годивле и Крушеани. Со оваа инвестиција општината ќе ја подобри безбедноста на учениците како и естетиката на самите училишта. Општината покрај овие зафати, изгради ограда на ОУ Јонче Смугрески во Обршани и ПОУ Бела Црква како и реконструкција на постоечката ограда на централното основно училите Манчу Матак во Кривогаштани. Во наредниов период предвидена е изградба на огради на сите подрачни училиште во општината.