Игор Каравилоски
Игор Каравилоски е роден на 21 мај 1980 година во Кривогаштани, каде што е постојан
жител и денес. Основното образование го завршува во ООУ „Манчу Матак“ во
Кривогаштани, а средно во Средното полициско училиште „Елисие Поповски Марко“ во
Скопје – XXII класа. Високото образование го продолжува на Универзитет „Св. Климент
Охридски“ – Битола, при Економскиот факултет во Прилеп, на студиската програма
Економија на претпријатија, стекнувајќи се со стручен назив Дипломиран економист.
Професионалната кариера ја започнува од 1999 година во Министерството за
внатрешни работи, каде извршувал повеќе раководни и одговорни функции и тоа:
Заменик командир на полициска станица,
Инспектор за превенција,
Командир на Полициско одделение,
Самостоен инспектор за економски криминалитет,
Главен инспектор за економски криминалитет,
Началник на Одделение за внатрешни работи
Во 2020 и 2024 година за време на парламентарни избори, именуван е за
Дополнителен заменик началник на ОВР – Прилеп, согласно законските процедури, до
објавување на конечните резултати од спроведените избори за пратеници.
Во текот на службената кариера, учествувал на бројни специјализирани обуки и
професионални усовршувања во земјата и во странство, во области како што се:
борба против компјутерски и економски криминалитет,
безбедносни стратегии и планирање,
превентивно постапување во локалната заедница,
антитероризам,
менаџирање со човечки ресурси и организациско раководење.
Професионалниот пристап на Каравилоски се темели на принципиелност, отчетност,
законитост и транспарентност.