Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Новости

Театарската претстава „Сваќи“

Театарската претстава „Сваќи“

Овој викенд, на 29 март (недела), со особено задоволство ве покануваме на театарската претстава „Сваќи“ – урнебесна комедија во која смеата и емоциите одат рака под рака.

Станува збор за драмски текст создаден пред повеќе од триесет години од авторот Коста Хасану – КОКО, кој воедно ја напишал и ја изведувал претставата. Денес, ова дело добива нов живот преку свежата и креативна режисерска поставка на професорката Надица Нане, заедно со младите и талентирани актерки од СОУ „Наум Наумовски-Борче“.

Претставата „Сваќи“ нуди современ пристап кон традиционалниот хумор, збогатен со енергијата и ентузијазмот на новата генерација, ветувајќи вечер исполнета со смеа, позитивна атмосфера и вистинско уживање за сите генерации.

Ве покануваме да бидете дел од овој културен настан, кој претставува значаен придонес кон развојот и збогатувањето на културниот живот во Општина Кривогаштани.

Во текот на вечерта ќе се продава и книгата „Ѕвездите светат бесконечно“, во издание на Книжевниот кружок „Васил Иљоски“, посветена на трагедијата во Кочани. Книгата ќе биде достапна по цена од 200 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарна помош на повредените.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email