Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Новости

Спортски настан по повод ,,Меѓународен ден на лицата со ретки болести”

Спортски настан по повод ,,Меѓународен ден на лицата со ретки болести”

Денес, по повод Светскиот ден за ретки болести, се одржа спортски настан со кој заеднички испративме порака за поддршка, солидарност и подигнување на свеста.

Во спортска и пријателска атмосфера се одигра натпревар во одбојка во мали групи помеѓу учениците од ООУ Манчу Матак – Кривогаштани и ООУ Јонче Смугрески – Обршани. Учениците покажаа одличен тимски дух, фер-плеј и голема енергија, докажувајќи дека спортот обединува и носи позитивни вредности.

Настанот се реализираше во заедничка организација на ЛАГ Агро Лидер, Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп и Урбано Гнездо – Кривогаштани со цел преку спорт и заедништво да се испрати силна порака за поддршка на лицата со ретки болести и нивните семејства.

Со овој настан симболично го обележавме денот, испраќајќи порака дека лицата со ретки болести не се сами и дека заедницата стои зад нив. На двете училишта им беа доделени одбојкарски топки како донација, како и благодарници за учеството и поддршката.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email