Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Новости

Потпишан договорот за грант за воспоставување дневен центар за лица со попреченост на подрачјето на општините Кривогаштани и Прилеп

Потпишан договорот за грант за воспоставување дневен центар за лица со попреченост на подрачјето на општините Кривогаштани и Прилеп

Со Министерството за социјална политика, демографија и млади, беше потпишан договорот за грант за воспоставување дневен центар за лица со попреченост на подрачјето на општините Кривогаштани и Прилеп.

Проектот ќе се реализира во партнерство со Општина Прилеп и Здружението „Центар за развој и едукација“ – Прилеп, како давател на социјалната услуга.

Преку дневниот ценар, лицата со попреченост ќе добијат индивидуализиран пристап, стручна поддршка и услуги приспособени на нивните потреби. На овој начин, социјалната заштита ќе стане подостапна и поблиска до корисниците и нивните семејства.

Договорот е потпишан во рамките на Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, како дел од Вториот проект за подобрување на социјалните услуги.

Со ова партнерство продолжуваме да ја зајакнуваме социјалната заштита на локално ниво и да создаваме поинклузивна заедница во која секој граѓанин ќе има пристап до квалитетна и соодветна поддршка.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email