Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Соопштенија

Општина Кривогаштани продолжува да ги поддржува успешните ученици

Општина Кривогаштани продолжува да ги поддржува успешните ученици

На седницата на Советот на Општина Кривогаштани одржана на 14 април 2026 година, беше донесен Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на признанија и награди во Општина Кривогаштани, со кој се предвидува парично наградување на учениците кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари.

Висината на паричната наградата изнесува:

🥇 Прво место – 7.000 денари
🥈 Второ место – 4.000 денари
🥉 Трето место – 3.000 денари

Со оваа мерка ја потврдуваме нашата заложба за вреднување на трудот, знаењето и успехот на младите, како и за поттикнување на нивниот понатамошен развој и напредок.

Ги повикуваме учениците и нивните родители да го искористат ова право и да поднесат барање согласно условите предвидени во Правилникот.

Честитки до сите ученици кои со своите успеси достојно ги претставуваа своите училишта и Општина Кривогаштани.

ПРАВИЛНИК

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email