По повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, делегација на Општина Кривогаштани, предводена од градоначалникот Игор Каравилоски, претседателот на Советот на Општина Кривогаштани Андреј Ацески и претставници на општинската администрација, денес положи свежо цвеќе и оддаде почит пред споменикот во Пашино Рувци и пред спомен-обележјето во Прилеп.
На 8 август 2001 година, во нападот врз армискиот конвој на автопатот Скопје – Тетово, кај месноста „Карпалак“, животот го загубија десет припадници на резервниот состав на Армијата.
Меѓу загинатите беше и нашиот сограѓанин Љубе Грујоски од Пашино Рувци, кој заедно со своите соборци го положи својот живот во служба на татковината.
И по 25 години, сеќавањето на загинатите кај Карпалак останува нераскинлив дел од нашата колективна меморија. Наша должност е со почит да го чуваме споменот за нив и да го пренесуваме на идните генерации.
Нека им е вечна слава на загинатите бранители! ![]()