Најпосебен беше денот за нашите првачиња, кои за првпат седнаа во училишните клупи, ги запознаа своите наставници и другарчиња и започнаа едно ново поглавје во животот.
Градоначалникот Игор Каравилоски ги посети двете централни училишта – ООУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани и ООУ „Јонче Смугрески“ во Обршани, каде што имаше задоволство да им додели на првачињата ранци со училишен прибор, обезбедени од Општина Кривогаштани.
Тој им посака многу знаење и петки, но уште повеќе насмевки, искрени другарства и убави училишни денови.
На сите ученици, наставници и родители им посака среќна и успешна учебна 2026/2027 година!