Грижата за лицата и семејствата на кои им е потребна поддршка останува еден од приоритетите на Општина Кривогаштани.
Преку соработката на Општина Кривогаштани со Здружението „Центар за развој и едукација“ – Прилеп, во изминатиот период до нашите сограѓани беа доставени повеќе од 100 хуманитарни пакети со основни прехранбени производи и средства за хигиена, наменети за лица и семејства во социјален ризик.
Активноста се реализира во рамките на проектот „ТРАНСАКТ – Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности“, поддржан од Австриското сојузно министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите.
Проектот има поширока цел – подобрување на пристапот до бесплатни социјални и здравствени услуги за ранливите категории граѓани, особено во руралните средини.
Искрена благодарност до Здружението „Центар за развој и едукација“ – Прилеп и до австриското Сојузно министерство за континуираната соработка и поддршка.
Продолжуваме преку конкретни мерки и партнерства да обезбедуваме навремена помош за оние на кои им е најпотребна.