Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Денот на пожарникарите

 По повод Денот на пожарникарите, денес градоначалникот на Општина Кривогаштани – Игор Каравилоски оствари средба со припадниците на ТППЕ Кривогаштани. Градоначалникот изрази искрена благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна подготвеност да им помогнат на граѓаните во најтешките моменти. Нивната работа е од огромно значење за безбедноста на целата заедница. Во име Општина Кривогаштани на […]

Избрани членови на иницијативниот одбор за организација и одржување на локално собрание на млади во Општина Кривогаштани

Ивана Божиноска Теодора Рикалоска Мартин Милески Кирил Крстески Јована Мојаноска По одржувањето на иницијативниот одбор, постапката ќе продолжи со следните активности за формирање на локално собрание.

♻️ GENERALKA WEEKEND 2026 ♻️

♻️ Во рамки на најголемата национална еколошка акција „Generalka Weekend“, која се одржува од 8 до 10 мај, Општина Кривогаштани и оваа година даде активен придонес во создавањето почиста и поздрава животна средина. Во акцијата беа опфатени повеќе локации низ општината, а свое учество земаа ЈП ,,Пелагонија” Кривогаштани, ТППЕ Кривогаштани, вработените од Општина Кривогаштани, како […]

Доделени наградите од ликовниот конкурс за сообраќајна безбедност во Кривогаштани

Во просториите на Мултимедијалниот центар во Кривогаштани денес свечено беа доделени наградите од ликовниот конкурс на тема „Играј паметно, движи се безбедно и твори слободно“, во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Конкурсот беше наменет за учениците од прво до деветто одделение и траеше десет дена од денот на објавувањето. Учениците учествуваа со […]

Средба со SALAR International за унапредување на управувањето со отпад во Кривогаштани

Денес на средба со градоначалникот на Општина Кривогаштани присуствуваа претставници од SALAR International и соработници од Шведска. На средбата се разговараше за предизвиците во заштитата на животната средина, особено во делот на управување со отпад, по одржувањето на Регионалниот форум „Заедно за регион без отпад“. Форумот се одржа во клучен период за реформите во Пелагонискиот […]

Децата во фокус: Едукативен настан за сообраќајна безбедност во Прилеп

Денес во Прилеп се одржа едукативен настан во рамки на националната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, чија цел е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. На настанот присуствуваа градоначалниците на Прилеп и Кривогаштани, претставници од Општинските совети за безбедност на сообраќајот, како и ученици – првачиња од двете општини. Централна активност […]

(РЕОБЈАВА) Јавен Повик за членови на иницијативен одбор за организација и одржување на локално собрание на млади во Општина Кривогаштани

(РЕОБЈАВА) Јавен Повик за членови на иницијативен одбор за организација и одржување на локално собрание на млади во Општина Кривогаштани Пријава за номинација ја на претставник/ци од форми на организирање и здружување на млади  за член/ви во Иницијативен одбор кој ќе учествува во процесот на конституирање на Локалното собрание за млади на Општина Кривогаштани Изјава […]

Театарската претстава „Сваќи“

Овој викенд, на 29 март (недела), со особено задоволство ве покануваме на театарската претстава „Сваќи“ – урнебесна комедија во која смеата и емоциите одат рака под рака. Станува збор за драмски текст создаден пред повеќе од триесет години од авторот Коста Хасану – КОКО, кој воедно ја напишал и ја изведувал претставата. Денес, ова дело […]

Одржан месечен состанок посветен на следењето на градежните активности за реконструкција на главната улица во Пашино Рувци

Се одржа редовен месечен состанок посветен на следењето на градежните активности за реконструкција на главната улица во Пашино Рувци, при што беше реализирана и теренска посета на самата локација. На состанокот присуствуваа претставници од Проектната единица при Министерството за транспорт, надзорниот орган „Ептиса“ и изведувачот на работите, ГД „Гранит“. Сите засегнати страни заеднички ја разгледаа […]