Интерен оглас број 01/2026 и пријава за унапредување на административен службеник во Општина Кривогаштани

Интерен оглас број 01/2026 ПРИЈАВА за унапредување на административен службеник преку ИНТЕРЕН ОГЛАС
Започна реализацијата на проектот за реконструкција на дел од улицата „Методија Патчев“ во Боротино, до црквата „Св. Марина“

Од денес започнаа градежните активности за реконструкција на дел од улицата „Методија Патчев“ во должина од 188,5 метри, проект кој ќе придонесе за подобрување на локалната патна инфраструктура и полесен пристап на граѓаните до црквата „Св.Марина“ во Боротино. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.736.451 денари со ДДВ, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт, […]
Градоначалникот испрати отворено писмо за подобрување и модернизација на регионалните патишта Р2335 (Кривогаштани – Обршани – Воѓани) и Р2339 (Ново Лагово – Граиште)

Градоначалникот на Општина Кривогаштани денес испрати отворено писмо до министерот за транспорт и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, со кое побара итно преземање мерки за подобрување на состојбата на регионалните патишта Р2335 (Кривогаштани – Обршани – Воѓани) и Р2339 (Ново Лагово – Граиште). Во дописот е нагласена потребата од санација на банкините на овие […]
Општина Кривогаштани продолжува да ги поддржува успешните ученици

На седницата на Советот на Општина Кривогаштани одржана на 14 април 2026 година, беше донесен Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на признанија и награди во Општина Кривогаштани, со кој се предвидува парично наградување на учениците кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари. Висината на паричната наградата изнесува: 🥇 Прво место […]
Посета на Охрид за наградените ученици на манифестацијата “Прочкарска смеа за секого” од ООУ “Манчу Матак ” и од ООУ “Јонче Смугрески”

Посетата имаше за цел да ги награди и мотивира учениците за нивната креативност, труд и ангажман, како и да им овозможи запознавање со културно-историските знаменитости на Охрид. Во текот на посетата учениците имаа можност да ги разгледаат старото градско јадро, кејот на Охридското Езеро и дел од најзначајните културни и туристички локалитети. Општина Кривогаштани и […]
Успех на нашите ученици е успех за целата општина

Упатуваме искрени честитки до нашите успешни ученици и нивните ментори за постигнатите резултати на државните натпревари! Честитки до ученичката Ана Миличевиќ за освоеното трето место на Државниот натпревар по географија, под менторство на наставникот Оливер Конески. Честитки и до ученичката Леонтина Коркоска за освоената втора награда на Државниот натпревар по биологија, како и до нејзиниот ментор м-р Менде Станојоски. Овие успеси […]
Успехот секогаш заслужува признание!

Градоначалникот на Општина Кривогаштани – Игор Каравилоски им додели награди и признанија на првенците на генерација од основните училишта во Општина Кривогаштани: Ана Цветкоска од ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани и Михаела Маџароска од ООУ „Јонче Смугрески“ – Обршани. Со своето знаење, посветеност и истрајност, тие покажаа дека трудот секогаш носи резултати. Нивните достигнувања се […]
Јавен повик за делегати и заменици-делегати на локалното собрание на млади на Општина Кривогаштани

Јавен повик за делегати и заменици-делегати на локалното собрание на млади на Општина Кривогаштани Прилог бр. 1 Прилог бр. 2 Прилог бр. 3
Изработка на техничка документација за реконструкција на дел од улица „Архиепископ Доситеј“ во с. Крушеани

На 22.05 е склучен договор помеѓу Бирото за регионален развој и Општина Кривогаштани, за реализација на проектот: „Изработка на техничка документација за реконструкција на дел од улица „Архиепископ Доситеј“ во с. Крушеани“, за што од страна на Бирото се доделени средства во износ од 242.372 денари. Со изработката на техничката документација се создаваат услови за […]
Слики што раскажуваат вистински и искрени приказни

Вчера (24.05) во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани беше отворена изложбата „Слики што раскажуваат вистински и искрени приказни“, посветена на нашиот сограѓанин фотографот Богоја Бојчески, човекот кој со децении го бележеше секојдневието и духот на нашето Кривогаштани. Оваа изложба не е само поставка на фотографии, туку живо сведоштво за едно време, за нашите корени и животни […]