Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 280
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Патишта и улици• Проекти

На 31 октомври 2026 година изведувачот изврши корекција на дел од вториот крак на улицата „Браќа Моцаноски“ во Кривогаштани

На 31 октомври 2026 година изведувачот изврши корекција на дел од вториот крак на улицата „Браќа Моцаноски“ во Кривогаштани

На 31 октомври 2026 година изведувачот изврши корекција на дел од вториот крак на улицата „Браќа Моцаноски“ во Кривогаштани, откако надзорниот орган утврди отстапувања од техничките барања за изведба.

При контролата на квалитетот беа земени и испитани кернови, односно цилиндрични примероци од поставениот асфалт. Врз основа на лабораториските резултатите од испитувањата, надзорот утврди на кој дел од кракот е потребна корекција.

Трошоците за корекцијата во целост ги сноси изведувачот. Работите се извршени во рамките на основниот договор, без склучување анекс.

Договорот за реконструкција на краците 1, 2 и 3 е склучен со „Јоскатранс-Трејд“ ДООЕЛ од Демир Хисар, по огласот за јавна набавка бр. 14837/2025, дел 3. Вкупната договорна вредност изнесува 2.357.601 денари со ДДВ, од кои 630.800,86 денари со ДДВ се предвидени за реконструкција на целиот втор крак. Реконструкцијата се финансира преку капитални дотации за транспортна инфраструктура, согласно договорот на Општина Кривогаштани со Министерството за транспорт.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email