Home / АДМИНИСТРАЦИЈА / ЗАПОЧНУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛОШТАДОТ ВО КРИВОГАШТАНИ

ЗАПОЧНУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛОШТАДОТ ВО КРИВОГАШТАНИ

Деновиве започна подготовката на теренот за отпочнување на градежните активности за изградба на плоштад во центарот на Кривогаштани со вкупна површина од 1400 метри квадратни. Средствата за реализација на овај проект се обезбедени преку Центарот за развој на пелагониски плански регион со вкупна сума од 4.500.000 денари. Изведувач на проектот е Стентон градба од Битола со што за околу два месеци Кривогаштани ќе има нов модерен плоштад.

Според планот на општина Кривогаштани во центарот на општината за краток временски период ќе започне да се гради кружен тек со дел од улицата Македонски просветители која вклучува и тротоари, додека пред самата општинска зграда веќе започна подготовка на просторот каде што ќе биде поставен триесет метарски јарбол со македонско национално обележје.

За целата слика да биде комплетна за два до три месеци започнува изработката на нова фасада на општинската зграда за општина Кривогаштани да добие најсовремено уреден општински центар, додека до крајот на годинава се очекува општинската администрација да добие нови канцеларии во надградбата на општинската зграда над домот на култура во Кривогаштани со што значително ќе се подобри функционирањето и квалитетот на услугите кои ги извршува општина Кривгаштани.

1општинсака зградаПЛОШТАД43ПЛОШТАД 22

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Се реновира мултифункционалната сала во Кривогаштани

Со претставата Рибарот и рипката во изведба на театарската група Ѓорѓи Колозов, ...