Најмодерниот сточен пазар во државата пополека го добива својот модерен лик, откако целосно беше уредена внатрешноста на канцелариите во административната зграда и успешно завршена изградбата на енергетски ефикасната фасада на објектите. Асфалтирана е целата површина на боксовите за ситен и крупен добиток и уредени патеките за движење на посетителите со бекатон плочки, денес монтирани се внатршните огради на боксовите со што сточниот пазар веќе почнува да го добива својот конечен изглед. Општината очекува во најкраток можен рок завршување на активностите а за краток временски период ќе отпочне и реализацијата на новиот зелен пазар со затворен пазар за млечни и сувомеснати производи заедно со паркин простор, инвестиција вредна 300.000 евра со што Општина Кривогаштани ќе го добие еден од најмодерните пазари во државата.