Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

За Општина Кривогаштани

За Општина Кривогаштани

Општина Кривогаштани е општина во Западна Македонија со седиште на општината во истоименото село. Општина се наоѓа во плодната пелагониска рамница, во Прилепското Поле, во нејзиниот северозападен дел.

Потекло и значење на името

Народните преданија говорат за две легенди поврзани за името на селото Кривогаштани.

Според првата легенда, селото Кривогаштани, своето име го добило по некогашниот град, кој бил во непосредна близина на денешната населба, а се викал Крив Град. Градот се одликувал со криви, долги и тесни улички низ кои жителите, пред своите куќи, си ги сушеле „гаштите“, односно алиштата што ги носеле.

Втората легенда зборува дека жителите од Кривогаштани ги носеле своите „гашти“ (панталони) накриво, па поради тоа жителите од околните населби им се потсмевале, викајќи ги кривогаштанци. Интересно е да се напомене дека и денес жителите од некои соседни села не велат Кривогаштани и кривогаштанци туку „Кривограждани“ и „Кривогражданци“, што пак се поврзува со средновековниот Крив Град.

Флора и фауна

Во непосредна близина на Кривогаштани, а особено на источната страна, кај Крајни Рид, Петочна Ричка, Градиште, Манастириште и Лозје доста е богато со животински свет, а најзастапен е ситниот дивеч: зајак, лисица, ласица и повеќе влекачи. А на источната страна, односно во областите кај реката Блато, околу која се наоѓаат областите Солунов Даб, Чаир и Ливаѓе има поголем број видови на птици како што се дивите гуски, дивите гулаби, дивите пајки, еребици и друго. Во самата населба се среќаваат цели јата на диви гулаби, чавки, гугутки, врапци, штркови, ластовици, а посебно внимание привлекуваат сивите чапји кои се населени на стариот даб во црквата „Св. Димитриј“, која се наоѓа во средишниот дел на селото. Сивите чапји доаѓаат во почетокот на март, а си одат во август.

Историја

Праисторија и антички период

Еден од најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија од периодот на неолитот е месноста е локалитетот „Врбјанска Чука“, сместен меѓу селата Славеј и Врбјани, се откриени остатоци од значајна праисториска населба, со ископувања извршени во 1977, 1979 и 1987 година. Во рамките на поголемата градба со димензии 12×10 метри, археолозите откриле и помал објект од околу 4 м², изграден од набиена земја, со четири помали правоаголни анекси прилепени еден до друг. Овој објект е толкуван како светилиште или праисториски храм, поради големиот број на археолошки наоди и култни елементи пронајдени во него и околу него.

Локалитетот „Врбјанска Чука“ се издвојува од другите праисториски населби на Балканот по тоа што помалиот објект и неговите анекси создаваат уникатен комплекс со сакрална намена, што го прави првиот таков познат праисториски храм на територијата на Централниот Балкан.

Локалитетот „Врбјанска Чука“ ја покажува раната населба во Пелагонија уште пред повеќе од 8.000 години, во средниот неолит. Археолошките наоди укажуваат дека на овој простор постоела организирана заедница со развиена материјална и религиска култура. Големите градби, светилиштето и помалите култни објекти, како и наодите на жртвеници и амбари, укажуваат на трајна и стабилна структура на населението.

Овој регион, кој денес го опфаќа општинскиот простор на Кривогаштани, продолжил да биде населуван низ вековите, што го покажуваат подоцнежните археолошки и историски наоди од бронзено време, железно време и античкиот период. Континуитетот на животот и на културните активности го прави „Врбјанска Чука“ основа за разбирање на развојот на населбите во Кривогаштани и пошироката Пелагонија, прикажувајќи ја оваа област како долгогодишен центар на човечка активност и религиозно-културен развој.

Среден век и историски развој на Кривогаштани

Со доаѓањето на Словените на Балканскиот Полуостров во VI век, настануваат значајни демографски и културни промени во Пелагонија. Населението почнува да се организира во нови населби, а старите, праисториски локалитети постепено се напуштаат. Се смета дека старата населба се наоѓала на местото кое денес се нарекува „Градиште“, додека Словените ја формираат населбата неколку стотини метри источно од неа.

Кривогаштани е старо село, што се гледа од зачуваните македонски родови. Селото е споменато како Кривогаштанех во грамота на царот Стефан Душан за манастирот Трескавец во 1337 година, што укажува на континуитетот на животот на оваа локација низ вековите.

По смртта на кралот Марко во 1395 година, Кривогаштани, како и целата Пелагонија, паѓа под власта на Османлиите, со што започнува петвековното турско ропство. Во текот на овој период, населбата одржува значајна локална улога како земјоделски и трговски центар, прилагодувајќи се на новите административни и економски услови. Историјата на Кривогаштани ја покажува длабоката поврзаност на овој простор со регионалните и широкопојасните историски процеси, од праисториските култури на Пелагонија, преку словенската миграција и средновековните политички промени, до турската окупација. Континуитетот на населението и културните активности го прави Кривогаштани значајно место за истражување на развојот на Пелагонија низ вековите.

Понова историја

Многу жители од кривогаштанските села учествувале во востанијата кои биле кревани против турската власт. Но, од нив секако дека најзначајно место зазема Илинденското востание (2 август 1903 година), дигнато во КрушевоКривогаштани не било одминато и од војните на дваесеттиот век (двете балкански војни и Првата светска војна, а додека пак посебна страница има Втората светска војна). Тука, значајни се пред сè ослободувањето од Турците и потпаѓањето под нови ропства, поделбите на Македонија во 1913 година, а потоа и НОБ. Сите историски настани многу влијаеле врз развојот на населбата. Така, таа во одредени моменти бележела назадување, а во одредени услови и развој.

Поради нерасполагањето со доволни податоци од постарото историско минато за населбите во Општината, најдобро е да се започне со првите забележани податоци кои датираат од османлиското владеење. За да можат полесно да управуваат со поробените земји, Турците Османлии ги поделиле освоените територии на ејалети, а подоцна на пашалаци. Скоро цела Македонија влегувала во Румелискиот пашалак со седиште во Сердика (Софија), а подоцна ова седиште било префрлено во Битола. Пашалаците биле составени од санџаци, а овие пак од и нахииПрилепската нахија (во чиј состав било и Кривогаштани) влегувала во Скопскиот санџак.Од пописните дефтери „Тапу-тахрир дефтери“ на турските власти, од 1467 година зборува дека зборува дека Кривогаштани било трета населба по големина во Прилепската нахија со 104 домаќинства. Сите семејства во Кривогаштани биле христијанско – македонски. Од вториот дефтер кој потекнува од 1544 година се забележува пораст на домаќинствата во Кривогаштани на 164. По Илинденското востание, доаѓа до намалување на бројот на населението и во Кривогаштани како што било случај и во скоро цела Македонија, а посебно во Крушево и околината, поради одмаздата на Турците над македонското востанато население. Исто така до намалување на населението имало и по Балканските војни (1912-1913), а потоа и по Првата светска војна (1914-1918). Во периодот помеѓу двете светски војни се забележува мал пораст на населението, следејќи го воедно првиот официјален попис во 1921 и пописот кој следел потоа, односно во 1931 година од страна на српските власти во цела тогашна Југославија. Позабрзан пораст на бројот на населението се забележува по Втората светска војна. Во 1948 година се регистрирани 1913 жители, а додека за само по 5 години (1953) бројот на населението нараснал за 301 жител, односно на 2288 жители. И во 1961 година Кривогаштани бележи пораст во бројот на населението, кое се зголемило на 2366 жители, а пак во 1971 година бројот на населението за последен пат ќе се зголеми и тоа многу скромно, на 2380 жители. Порастот на населението во целиот наведен период е како резултат.

Природно наследство: Дабот од Кривогаштани

Во Кривогаштани се наоѓа еден од најстарите и најимпозантните природни симболи на селото – Дабот од Кривогаштани. Спрема последните истражувања, ова дрво е старо повеќе од 600 години, што го прави вистински жив споменик на природата. Со својата старост, висина и разгалени гранки, дабот го краси пејзажот на селото и ја нагласува природната убавина на Пелагонија. Дабот е важен не само како природен феномен, туку и како симбол на локалната традиција и колективната меморија. Локалното население го смета за заштитник и сведок на историјата на Кривогаштани, бидејќи тој постои многу векови и ги „набљудувал“ сите важни настани во животот на селото од праисториските населби до модерните културни случувања.

Овој даб привлекува посетители и туристи, кои доаѓаат да ја почувствуваат неговата величественост и да се фотографираат под сенката на старото дрво, а истовремено станува дел од локалните еко и културни патеки. Дабот од Кривогаштани е пример за тоа како природата и културната историја можат да се преплетат и да создадат уникатен идентитет за едно место

Природно наследство и симболика: Штрковите во Кривогаштани

Кривогаштани е познато и по својата богата популација на штркови, кои се една од најкарактеристичните животни симболи на селото. Овие птици се присутни во голем број и секоја пролет го враќаат животот во селото, создавајќи живописни пејзажи и препознатлив амбиент за жителите и посетителите. Штрковите во Кривогаштани се повеќе од обични птици, тие се дел од локалниот идентитет и културната свест. Локалното население ги смета за симбол на среќа, плодност и просперитет, а нивното присуство е инспирација за приказни, уметнички дела и фотографии. Гледањето на штрковите како градат гнезда на покривите и дрвјата станува традиција која ја поврзува заедницата и ги зајакнува чувствата на припадност и почит кон природата.

Штрковите се исто така атракција за туристите, кои доаѓаат да ги набљудуваат и фотографираат, а нивното зачувување е важен дел од локалните еко-иницијативи. Тие ја прават сликата на Кривогаштани уникатна и го нагласуваат симбиотскиот однос меѓу луѓето и природата.