Ул. Филип Втори бр.84 • +389 48 471 471
Република Северна Македонија

Општина Кривогаштани

Денес градоначалникот на Општина Кривогаштани оствари продуктивна средба со гостите од Centro Sportivo Italiano Bari – Италија CSI Comitato di Bari. Се разговараше за можностите за заедничка соработка во промоција на спортот, како и за имплементација на пристапи за инклузивност во спортските активности во локалната заедница.

Дополнително, го посетија Младинскиот центар во Кривогаштани и Основното училиште „Манчу Матак“, каде што се запознаа со нивната работа, потреби и потенцијали за развој на инклузивни програми за младите.

Продолжуваме заеднички да градиме можности за спорт достапен за сите! 💙🤝🏽⚽️🏀